Спасовски е неспособен и систем за вадење на лични документи да организира

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: 

Спасовски е неспособен и систем за вадење на лични документи да организира, народот во ред чека на минусни температура.

Стотици граѓани и на овие минусни температури во редици чекаат за вадење на лични документи пред пунктовите на МВР.

Со денови народот е третиран нехумано, со денови стотици граѓани се понижуваат со часови да чекаат на ладно време за да извадат личен документ.

Вадењето на личен документ со Спасовски во МВР е рамно на квантна механика.

Спасовски успеа да ја девалвира службата и да го наруши угледот, ефикасноста и ефективноста која МВР секогаш ја имало.

Со Спасовски во МВР народот не може да се надева ниту на основните услуги кои треба да ги добива од ова министерство. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!