Спасовски ги координира оние кои со боја фрлаа по полицијата (ВИДЕО)

Спасовски ги координира оние кои со боја фрлаа по полицијата
Спасовски ги координира оние кои со боја фрлаа по полицијата

Довчерашниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во директен контакт ги координира опозициските платеници кои изминатиов период секојдневно уништуваат спомен-обележја, пишува порталот Денешен.мк.

Покрај секојдневното вандализирање на спомен- обележјата и фасадите на државните институции, опозициските вандали и хулигани изминатиов период жестоко удрија и врз македонските полицајци во таканаречената шарена револуција, за која деновиве во јавноста излегоа јасни докази дека станува збор за платеничка револуција.

-Во насилните напади кои следеа веднаш по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов беа повредени десетина полициски службеници, а Спасовски од функција на министер не направи ништо за да ги заштити македонските полицајци. Македонската полиција беше мета на соросовите платенички орди кои кршеа, палеа и жестоко ја напаѓаа, а претходниот министер Спасовски не мрдна ни со малиот прст за да ги санкционира хулиганите, пишува Денешен.