Спасовски ги суспендира вработените од МВР кои се дрогираа на улица

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница на која одговараше на пратенички прашања, соопшти дека вчера ги потпишал решенијата за суспензија на двајцата вработени во МВР кои беа фатени како употребуваат дрога на улица.
Има силни аргументи за одредени луѓе кои се дел од безбедносниот систем, а кои воопшто не требале да бидат дел. Некои од нив гарант не требале ни да поминат по улицата каде се наоѓа МВР, а дел се „исквариле“ во моменти кога дошле внатре. Колку и да ги поттиснувале таквите страсти, ако се определени и гледаат други арамии во институциите како прават пари, посегнуваат и они тоа да го прават. Еве еден пример од минатата недела, како аргумент зошто мораме ветинг. Поранешен вработен сега пензиониран во УБК заедно со неговиот син фатени беа со трговија на 50 кг наркотична дрога во Охрид, инаку по потекло се од Струга. Двајца актуелни вработени, вработени инаку во време на режимот во 2017 година, фатени како употребуваат дрога на улиците во Скопје, утврдени, вештачени, вчера ги потпишав суспензиите, сигурно треба да бидат надвор од МВР, изјави Спасовски.