Спасовски го посети повредениот полицаец на Табановце

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, доцна вчера го посетиле полицаецот кој беше хоспитализиран по повредите здобиени за време на протестот организиран од приврзаници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин Табановце, информираат од МВР.

При посетата во ЈЗУ Општа болница – Куманово, министерот и началникот му посакале на повредениот полициски службеник што побрзо закрепнување.