Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги разрешил началникот на централната полициска служба, Горан Георгиевски, и началникот на специјалните единици, Митко Пешов.
Меѓу суспендираните, како што пренесува порталот Курир во неделата, разрешени се уште 30 други полицајци. Како главна причина се наведуваат настаните во собранието од 27 април.
Пред три дена Спасовски изјави дека го добил извештајот за настаните, којшто, како што рече, ги утврдувал формално-правните пропусти и откривање на систематските недоследности во министерството.
Извештајот ќе биде доставен до јавното обвинителство кое треба да ги утврди сите можни одговорности, персонални и објективни, за секој кој ги пречекорил законските надлежности.