Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски контра народниот правобранител Насер Зибери, кој алармираше дека нема доволно обрасци за издавање на лични документи. Спасовски уверува во спротивното.
Тврди дека залихите не се завршени, а нова количина пристигнува во понеделник. Нема објаснување за хаосот со издавањето на личните документи, фокусот е на продолжувањето на процедурата и по 12 февруари.