Еден од ретките министри кои останаа во новата Влада на Димитар Ковачевски од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека на новиот премиер му понудил друг човек да дојде на неговата позиција во Министерството за внатрешни работи.
– Со Димитар Ковачевски имавме неколку средби на кои разговаравме на оваа тема. Јас понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР – рече Спасовски на ТВ 24.
Тој додаде дека Агенцијата за национална безбедност е реформирана за време на неговиот мандат и дека повеќе нема прислушкувања на граѓани.