Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одлучи да не споделува информации пред јавноста во врска со убиството на ученичката Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и ги упати новинарите со своите прашања кај Основното јавно обвинителство.
„Кога е во истрага случајот, сите шпекулации може само да наштетат. Сите детали и информации кои ќе ги уврди Обвинителството за тоа ќе ја информира јавноста. Сите информации од МВР до ЈО ќе бидат доставени“, беа одговорите кои Спасовски ги одговараше пред новинарите.
Спасовски беше прашан дали се готови анализите на двата пиштоли, како и дали од нив е пукано кон Вања и Панче, на која траекторија се движел „цитроенот“ со кој е киднапирана Вања пред да се случи грозоморниот чин, но и кога и кој го донел возилото во Скопје. Запрашан беше и дали инспектор издавал информации за истрагата како што се тврди во јавноста. За се ова, Спасовски на настанот во Куманово ги упатуваше медиумите кај Обвинителството.
Последната информација споделена од ОЈО е дека судска медицина во моментов работи на обдукцијаи дека резултати ќе има што е можно побрзо.