Спасовски им се одмаздува на професионалците во МВР

Без никакво образложение и без правна поука, надвор од законот, технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски потпишал решенија со кои се разрешуваат првите луѓе на скопската, кумановската, битолската, велешката и охридската полиција, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека, иако станува збор за исклучителни професионалци кои целиот свој живот и кариера ги минале во Министерството за внатрешни работи и при тоа покажале извонредни резултати, Спасовски кој прв пат влезе во МВР пред две месеци, без никаква постапка, одлучил да ги смени Ивица Вучевски- Началник на СВР Скопје, Методија Атанасовски- Началник на СВР Битола, Моме Јакимовски- Началник на СВР Куманово, Петре Игнов- началник на СВР Велес и Оливер Ефтимов – Началник на СВР Охрид.

Дел од луѓето кои се сменети, како што дознава порталот помагале и при истрагата која под палката на Јавното обвинителство се водеше за откривање на Фабриката за афери.

Оттаму и професионалците во МВР целата операција на Спасовски ја толкуваат и како одмазда во врска со спроведената акција кога беа откриени и пресретнати обидите да се фалсификуваат пасоши и банкарски трансакции за високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Курир“.

Порталот потсетува дека во Фабриката за афери беа откриени и 70 000 незаконски прислушувани телефонски разговори кои криминалната група ги нудела во соседни земји, а беше откриена и дата база со податоци на 120 000 граѓани.

Со објавувањето на фотографиите од криминалците и раководството на СДСМ станаа евидентни нивните врски со партијата, а медиумите објавија и дека при апсењето, осомничените Чауш и останатите биле во директна врска со лидерот на СДСМ Зоран Заев од кого барале помош.