Технички назначениот министер Оливер Спасовски продолжува со интензивна политизација на МВР.
Порталот „Курир“ повикувајќи се на извори од министерството, пишува дека Спасовски почнал во МВР да носи истакнати партиски кадри на СДСМ.
Од Агенцијата за разузнавање, според нашите извори го донел Лазе Велковски кому му дал решение за државен советник во кабинетот на технички назначениот министер, пишува порталот.
Лазе Велковски претходно се споменуваше како еден од кандидатите на СДСМ токму за неговата функција. Стана познат во јавноста кога веројатно во улога на нејзино обезбедување за време на предизборната кампања, пријави наводен обид за атентат врз Радмила Шекеринска со празно пластично шише од непознато возило во движење со непознати таблички. Оваа пријава тогаш наиде на потсмев во јавноста.