Одлуката за продолжување на кризната осстојба е на претседателот Стево Пендаровски, а владата се уште прави анализа дали ќе има потреба за нејзино продолжување, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.
– Сѐ уште анализирами дали ќе има потреба од продолжување на вонредната состојба. До завршување на сегашната ќе ја имаме анализата и ќе знаеме дали треба да побараме прдолжување на вонредната состојба- рече Спасовски.
Тој додаде дека по одлуката на претседателот ќе треба да продолжуват сите изборни дејствија.
-Тоа ќе треба да се направи според уредбата која предвидува дека изборите треба да продолжат во рок од еден месец од одлуката за прекинување на вонредна состојба.