Министерот за внарешни работи Оливер Спасовски преку Фејсбук демантира дека по престојот на Инфективна бил префрлен на лекување од ковид-19 во приватна болница. Тој вели дека од понеделникот е на домашно лекување.
– Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во приватна клиника. Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест. Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира – напиша Спасовски на Фејсбук.
Тој се заблагодари на сите кои му изразиле поддршка и најави дека наскоро ќе им се враи на своите работни обврски.