Спасовски: Протоколите не се под контрола на МВР, тоа е работа на кабинетите во Владата

Има протоколи и начин на кој се комуницира во однос на секој носител на државна и јавна функција во Република Северна Македонија. Треба да се следат тие протоколи, изјави министерот за внатрешни работи Оливеер Спасовски по посетата на Центарот за обука во Идризово, во врска со случајот со руските пранкери.

Посочувајќи дека такви ситуации се случиле не само во Македонија, туку и во други држави, Спасовски потенцира дека тоа не е нешто што е по директна контрола на МВР, туку е работа на секој од кабинетите во Владата, начинот на комуникациите итн.