акедонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека позитивниот исход во односите меѓу Косово и Србија пресудно ќе влијае врз целиот регион.
Спасовски за белградска „Политика“ подвлекува дека договорот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград, чиј анекс е договорен во Охрид, е оценет како огромно достигнување со регионален придонес.
„Премногу конфликти и војни го уназадија развојот на нашиот регион и на нашите држави. Јасно е дека безбедноста е основа за развој на една држава, но и на регионот. Уморни сме од тоа да нѐ нарекуваат ‘буре барут’, вели Спасовски.
Според него, крајно време е Западниот Балкан да стане пример за безбеден регион, без отворени прашања, со добрососедски односи и со силна регионална соработка.
„На крајот на денот, сите имаме една цел – да бидеме дел од европското семејство, да имплементираме европски вредности и да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните“, наведува Спасовски за „Политика“.