![oliver aspasovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/oliver-aspasovski.jpg?resize=640%2C369&ssl=1)
Додека Македонија е во траор, Оливер Спасовски се радува на “фанови“ на Фејсбук , наместо да даде свој став во врска со ова свирепо убиство кое среде бел ден се случи во Скопје и да одговори на повиците за негова оставка. Тоа наиде и на остра осуда од јавноста.
Единствено со реакција во негова одбрана, ако може тоа така да се толкува, излезе СДСМ коишто сметаат дека е бесрамно да се злоупотребуваат трагични настани и подгреваaт тензии меѓу граѓаните. Од друга страна, Оливер Спасовски само до пред една година, беше многу гласен околу случајот со Мартин Нешковски и тогаш тоа за неговата партија не беше сметано за бесрамна злоупотреба на трагични настани за политички цели.
Еве како изгледаше кога Спасовски коментираше за случајот Нешковски и кога на СДСМ не им пречеше тоа.
На 5-ти мај 2015 Оливер Спасовски напиша: Одговорност мора да понесе првиот човек во МВР, Гордана Јанкулоска и сите вмешани во прикривањето на убиството како и оние кои знаеле за тоа а молчеле. Одговорност мора да понесе обезбедувањето на Груевски и лично Никола Груевски.
На 6-ти мај 2015 година Оливер Спасовски напиша: Реакцијата на македонската полиција против сопствениот народ е најголем срам за МВР и Владата на ВМРО-ДПМНЕ!Институциите коишто ги финансираат граѓаните преку даноци,такси,казни треба да се нивен сервис и заштитник!Затоа припадниците на МВР треба да знаат дека интересот на граѓаните е врвен приоритет во секое демократско општество.Државата Република Македонија е НАРОДОТ а не власта!
Тој дури и протестот во мај пред 3 години го најави со видео на кое беше искористена снимката од погребот на Мартин Нешковски.