Утрово на вакциналниот пункт во Куманово ја примив втората доза од вакцината на „Синофарм”, соопшти на својот фејсбук профил, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19, напиша на Фејсбук, Спасовски.