Спасовски очекува набргу да бидат откриени оние кои со месеци ги правеа лажните дојави за бомби.
Уверува дека интензивната работа на полицијата дава резултат исто како и новите современи протоколи за тоа како интитуциите реагираат при дојави за подметнати бомби.
-Бараме одговори од многу аспекти и имаме одредени информации и сознанија. Јас тоа го очекувам во секое време и да можеме тој процес да го затвориме, така да, тој дел од постапките кој што овозможи да се обезбедат релевантни докази можат да бидат ценети од обвинителството, понатаму и во судот. Електронската дојава не беше воопшто дел од протоколот. Сега протоколот е сообразен со новото време, при тоа што е многу важно со овие протоколи се цени релевантноста на информацијата, односно на евентуалната закана. Имаме низок, среден и висок степен на ваквата закана која што се оценува и врз основа на тоа се постапува.
Спасовски е свесен и за големиот проблем со лицата фантоми. Ги има стотици во реалноста, но не и во државниот систем. Овој проблем чие решение се најавува со година, повторно се актуелизираше откако почина 20 годишниот Мемет Камбер за кој првичните наводи беа дека немал документи и не можел да се лекува од својата хронична болест. Спасовски објасни дека Камбер имал извод и дека проблемите настанле при хоспитализацијата. И тој како и невладиите дека треба да се донесат нови закони со кои трајно ќе се реши проблемит на лицата-фантоми.
-На 14 јуни, сега, ќе се поднесат законските решенија од страна на пратениците кои што се во консултација со сите пратенички групи и со институциите, значи МВР е вклучена во делот на експертската помош да се изготват овие законски решенија. Идејата беше, преку таа отворена јавна дебата што беше отворена во собранието, сите пратенички групи да се вклучат за да го затвориме ова прашање. Тоа ќе биде добро за државата бидејќи конечно ќе се затвори еден процес и ќе бидеме една од првите држави која што практично, по потпишувањето на конвецијата за лица без државјанство ќе го разреши целиот тој проблем.
Инаку, Спасовски денеска го стартуваше проектот „Отворен кабинет“ каде преку серија посети ќе бидат опфатени сите сектори на МВР низ земјата со прием на странски од страна на министерот, а во рамки на веќе утврдениот концепт „МВР за Граѓаните“ ќе бидат слушаните предизвиците со кои се соочуваат истите, како и нивните предлози и идеи за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат.