Дописот што вчера техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски му го достави на дополнителниот министер Оливер Андонов со кој практично му забранува да држи прес-конференции и јавно да настапува со цел неселективно информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес е продолжение на пошироката цензорска политика што СДСМ ја промовира и наметнува во државата, вели проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска.
Андонов вчера на прес конференција оболедени документ за незаконско работење и самоволие на привремениот министер за внатреши работи Спасовски, со кој го известува лично Андонов дека за јавен настап ќе мора да бара претходна согласност на кабинетот на Спасовски.
„Колку и да звучи смешно, ова пред се претставува навреда лична, на мојот личен дигнитет, навреда кон граѓаните на Република Македонија кон нивното право да бидат информирани, да ги слушнат сите страни, навреда кон демократијата бидејќи се работи за обид за воведување цензура“, смета Андонов.
„Никаде, во ниту еден закон или внатрешен акт на МВР, не е утврдено дискреционото право на Спасовски да забрани право на друг претпоставен во МВР да ја информира јавноста за прашања што се во негов делокруг на работа. Очигледно Спасовски не може да ја „голтне“, ниту да се помири со својата ограничена, техничка министерска позиција во МВР, која на негова голема жал, не му дава неограничени права и дискрециони овластувања какви што тој самиот ги фантазира.Во законот за Влада за организирање избори стои дека техничкиот министер заедно и рамноправно со дополнителниот министер треба да ги извршува надлежностите утврдени во закон. Дали на Спасовски му е потребно дополнително објаснување што значи концептот „заедно и рамноправно со неговиот колега-дополнителен министер“? Тоа секако не значи ниту право на Спасовски да дава наредби или други дописи за замолчување на Андонов“, вели професорката.
„Командата е една работа, која секако ќе мора да ја координира со неговиот колега Андонов, согласно законски дефинираниот концепт „заемно и рамноправно вршење на надлежностите“, додека правото на јавен настап и информирање на граѓаните од страна на Андонов, сосема друга работа. Ако Спасовски продолжи беспоговорно да ја тера и применува партиската политика на министер цензорски џелат треба да биде свесен дека го крши Уставот на РМ, но и неприкосновената слобода на јавно изразување на мислата на другите. Едновремено, ако продолжи со ваквата дискрециона политика, ќе се соочи и со битието на казнивото дело злоупотреба на службена должност и овластувања што може да повлече кривична одговорност за техничкиот министер“, истакна Каракамишева Јовановска.
Овој настан е забележан како преседан во работењето на МВР што го спроведува привремениот министер Спасовски, во привремента влада во која заедно со дополнителниот заменик на министерот взаено и рамноправно учествуваат во остварување на надлежностите.