Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата.
„Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции“, изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Пробиштип.