Спасовски за Канал 5: Потребна е реформа на умот, не се доволни менувањата на законите

Потребна е реформа на умот, на начинот на кој размислуваме и се однесуваме. Не е доволно да правиме само легислативни реформи. Ние 30 години правиме реформи, правиме концепт, се носи во Владата и Собрание, носиме закони и мислиме дека сме направиле добра работа“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5.

Додаде дека кога граѓаните се надвор од границите на Македонија таму ги почитуваат законите, правилата и се однесуваме на поинаков начин, а тука не знаеат да си го ценат сопственото.

„Треба да направиме начин како да бидеме со повисок степен на интегритет и даги почитуваме нормите. Почнува да се менува јавната свест, а со почетокот на преговорите со ЕУ ќе мора законите да дадат резултати“, рече Спасовски.

Министерот истакна дека процесот на преговори со ЕУ не е имагинарен процес, туку процес во кој европските вредности мора да станат дел од нашите институции, а тие кои не се подготвени за реформите ќе мора да одат надвор од администрацијата.