Гостувајќи на Канал 5 телевизија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше прашан за случајот со денешниот напад на екипата на Алсат телевизија.
Министерот Спасовски истакна дека веќе е расчистен овој случај, обезбедено е лицето напаѓач и ќе биде поднесена кривична пријава за насилство, во соработка со Основното јавно обвинителство.
„Медиумите се тие кои мораат секојдневно да ја извршуваат својата работа, а се’ во интерес на граѓаните и државата. Треба да имаме почит кон секој еден кој е дел од медиумите. Сите аспекти за мотивите на нападот ќе бидат расчистени. Важно е дека брзо и ефикасно и енергично се делуваше во овој случај, затоа што не смее да има никакво насилство, посебно не кога било кој граѓанин е на извршување на своите службени задачи, дотолку повеќе оние кои работат во интерес на граѓаните и државата, затоа што сепак медиумите застапуваат јавен интерес”, рече министерот Спасовски.