Спасувачи ги извлекуваат телата по експлозијата во зградите на Сицилија

Спасувачите во понеделникот ги извлекуваат телата од урнатините на куќите уништиени во екслозијата на гас во саботата вечерта во сицилијанскиот град Равануза, а националната противпожарна служба потврди дека најмалку седум лица загинале во оваа несреќа.

Кучињата трагачи пронашле четири тела во понеделникот рано утрото, меѓу нив и на медицинска сестра во деветтиот месец од бременоста. Пожарникарите и пропадниците на службата за цивилна заштитеа ги извлекле од урнатините, изјавиле очевидци.

Три тела беа пронајдени ноќта од саботата кон неделата, а две лица сѐ уште се водат како исчезнати, изјавил портпаролот на националната противпожарна служба за телевизијата RAI NEW24.

Четирикатницата се запалила по екслозијата на гасот во местото со околу 11.00 жители во близина на Агриџенто, град во југозападна Сицилија познат по старогрчките храмови.

Во експлозијата во саботата се урнаа вкупно четири куќи и уште три беа оштетени, соопштија локалните власти во чие соопштение се додава дека експлозијата веројатно ја предизвикало истекување на гас од градската инфраструктура. Отворена е истрага за да се утврди причината за несреќата.

„Гасот веројатно пронашол во која се собирал. Собраниот гас веријатно бил поттикнат од случаен иницијатор; автомобил, лифт, електричен уред“, изјавил за RAI NEW24 Џузепе Мерендино, началник на противпожарната служба во покаината Агриџенто.

Набрзо по експлозијата градоначалникот на Равануза, Кармело Д’Анџеоло преку Facebook ги повика „сите ресположливи луѓе кои имаат лопати и булдожери“. „Се случи несреќа“, објави.

Своите станови морале да ги напуштат 50 луѓе, бидејќи и соседните згради, исто така, се оштетени во екслозијата.