Спасувачи открија стотици тела на либиска плажа

Спасувачки тим од Малта во петокот на плажа во погодениот од катастрофалните поплави либиски град Дерна пронашол повеќе стотини тела, објави во петокот Одделот за цивилна заштита на Малта.

„Ги имаше веројатно околу 400, но тешеко е да се процени“, изјавил за весникот Times of Malta шефот на малтешкиот спасивачки тим Наталино Беѕина.

Малтешките власти во средата испратија спасувачки тим сочине од 72 спасувачи од војската и од Одделот за цивилна заштита.

Четиричлен спасувачки тим открил група од седум тела на плажа во пештера покрај морето. Меѓу нив имало и три тела на деца.

Се верува дека телата во морето ги однеле поројните поплави кои се случија откако обилните дождови кои дојдоа со бурата Даниел урнаа две брани, бришејќи од лицет на земјата четвртина на овој источен крајбрежен либиски град.

Беѕина за малтешките медиуми изјавил дека помал тим спасувачи наишол на до половината поплавена пештер во која имало тела.

Ја продолжиле потрагата по преживеани и жртви. Им се придружиле и лубиски колеги со гумени чамци, а потоа наишле на мал залив со повеќе стотини тела.