Спасувачка акција во близина на Миконос откако се преврте чамец со мигранти

Две лица се спасени откако се превртил чамец со мигранти во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, а според портпаролот на грчката крајбрежна служба на Грција Никос Кокалос, спасените изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица, јави МИА од Атина.
Кокалос за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е спасувачка акција во близина на Миконос, а се интервенира од воздух, копно и вода, за евентуално пронаоѓање на исчезнатите.
Преку европскиот број за итни случаи 112 крајбрежната служба била информирана дека се превртил чамец, по што почнала спасувачката акција и биле спасени две лица.