СПЦ ги екскомуницира владиката Артемие и игуменот Николај

Светиот архиерејскиот Сабор на Српската православна црлва ги екскомуницира поранешниот владика рашко-призренски Артемие и поранешниот игумен на манастирот Црна Река, Николај, јави Танјуг, пренесе МИА.

Саборот одлуката ја донесе синоќа, а Артемие и Николај отсега ќе можат да ги користат само своите световни имиња, Марко Радосављевиќ, односно Негослав Николиќ.

Артемие и Николај практично се анатемисани, што е прв случај во историјата на српската црква.

Саборот во средата го повика Артемие да се врати на патот на мирот и единството со Црквата, но тој тоа го одби.

Иако Саборот со претходната одлука за расчинувањето Артемие го стави во редот на монасите, поранешниот владика одби да ја соблече мантијата и ознаките на неа.

Артемие е расчинет поради раскол на Црквата, што се смета за прв раскол во историјата на СПЦ.

фото: Нова Македонија