Спејс-Икс лансираше нови 60 Старлинк-сателити во Вселената

Спејс-Икс лансираше нови 60 сателити во Земјината Орбита, со што нивниот вкупен број сега изнесува 182, а сите тие го чинат делот на Старлинк-мрежата за глобална покриеност со Интернет.

Приемниците беа поставени околу Земјата со помош на ракета „Фалкон 9“ која беше истрелана од космодромот Кејп Канаверал на Флорида. Со новите вселенски апарати, компанијата Спејс-Икс е рекодер по бројот на комерцијални сателити во орбитата.

Калифорниската компанија Планет Лабс во таа смисла е на второ место со нешто помалку од 150 сателити кои се користат за снимање на Земјата.

Спејс-Икс има дозвола да лансира до 12.000 сателити. До крајот на месецов, предвидено е поставување на уште две ракети со по 60 сателити.

Астрономите се жалат дека големиот број сателити го попречуваат погледот на ноќното небо. Спејс-Икс смета дека забелешките се претерани. Според нив, кога ќе се позиционираат, сателитите обично се тешко видливи. Најновите сателити имаат и посебни додатоци за намалување на рефлексијата.