Поранешниот американски специјален истражител и обвинител Роберт Мјулер бранејќи го интегритетот на неговата истрага изјави во средата дека „главно“ се согласува дека пишаните одговори на претседателот Доналд Трамп во истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во 2016 година не биле секогаш искрени, со што заврши неговото испрашување по повеќе од пет часа пред комитетите за правда и за вразузнавачките агенции во Претставничкиот дом во текот на кои рече и дека не го ослободил претседателот од обвиненијата.
Роберт Мјулер се појави на двете сослушувања за коишто американските медиуми оценуваат дека претставуваат големи влогови за претседателот Доналд Трамп, но и за опозициската Демократска партија, која е поделена околу тоа дали да се покрене процесот за отповикување на шефот на државата или да се чека на претседателските избори во ноември 2020 година. Трамп и натаму тврди дека истрагата на Мјулер, која тој често ја нарекуваше „лов на вештерки“ резултирала со негово „потполно ослободување од сите обвиненија“.
„Нели е чесно да се каже дека пишуваните одговори на претседателот биле не само недоволни и нецелосни, бидејќи не одговорил на многу прашања, туку и на оние на коишто одговорил, не одговорил секогаш искрено?“, праша демократот Вал Демонгс.
„Главно“, одговори поранешниот специјален обвинител Роберт Мјулер.
Мјулер, исто така, изјави пред пратениците во средата дека неговиот тим се решил да не ја користи моќта за издавање судски налог против претседателот Доналд Трамп, бидејќи сакале да го забрзаат крајот на истрагата, а судскиот налог би можело да доведе до долготрајна правна борба.
„Бевме при крајот на истрагата и тешко успевавме да договориме интервју со претседателот. Одлучивме дека нема да го искористиме овластувањето за издавање судски налог поради неопходноста истрагата да се приведе до крајот“, изјави Мјулер пред Комитетот за разузнавачки агенции.
Специјалниот обвинител се надевал на интервју со Трамп, но сепак ги прифатил пишаните одговори од претседателот на низа прашања. Истакна дека одговорите на претседателот биле непрецизни, непотполни и недоволни. „Сигурно не беа корисни како што би било интервјуто“, рече Мјулер.
Претходно пред Комитетот за правда, Мјулер го бранеше интегритетот на својата истрага и повеќепати повтори дека не заклучил дека претседателот е невин за попречување на правдата, или како што рече Трамп, целосно го ослободил од секаква одговорност.
Пред поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), кој 22 месеци ја истражуваше наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во 2016 година да го започен своето сведочење пред Комитетот за правда, претседателот на овој комитет, демократот Џеролд Надлер ги пофали Мјулер и порача дека никој, вклучително и Трамп, „не е над законите“. На прашањетио на Надлер дали Трамп го ослободил од обвинувањата, Мјулер рече кусо „Не“.
Мјулер, кого Трамп ги обвинува дека сега се обидува да предизвика „оркестриран удар“ врз претседателот од Републиканската партија, рече дека истрагата ја водел на „чесен и независен начин“, како и дека членовите на неговиот истражителски тим биле „лица од најголема честитост и чесност“.
На прашањето како одговара на обвиненијата од Трамп дека во неговиот случај имало судир на интереси, Мјулер одговори дека функционери од министерството за правда, кои се занимавале со етика, потврдиле дека немало никаков судир на интереси.
„Би сакал уште нешто да кажам. Во текот на кариерата се соочував со многу предизвици за нашата демократија, а обидите руската влада да се вмеша во нашите избори е еден од најсериозните“, рече Мјулер во еден од своите подолги одговори во средата, но како и во изврштајот не изнесе докази кои ги потврдуваат неговите тврдења.
Мјулер, исто така, рече дека претседателот Трамп сакал да го смени поради истрагата за неговото наводно можно попречување на правдата во рамките на целокупната таканаречена „руска истрага“. „Така и пишува во извештајот и во целост стојам зад него“, рече 74-годишниот Мјулер.
Во текот на своето сведочење покажуваше многу малку емоции, а на повеќето брзи остри прашања од пратениците од двете партии бараше да му ги повторат прашањата или само ги упатуваше на самиот извештај, пренесува Reuters.
Во воведниот дел од исказот повеќепати рече дека тој и неговите соработници не сакале да донесат конечна одлука за тоа дали претседателот е виновен за попречување на правдата.
„Врз основа на принципот на чесност на министерството за правосудство, одлучивме дека нема донесеме конечна одлука за тоа дали претседателот сторил кривично дело. Тоа беше наша одлука тогаш, а останува и сега“, рече Мјулер.
Надлер потоа изјави дека „иако политиката на министерството ви бранеше да подигнете обвинение против претседателот, јасно е дека дадовте до знаење дека не е во целост ослободен од обвинијата“. „Секое друго лице би било обвинето за кривични дела. Но во оваа држава, дури ниту претседателот не е над законите“, рече демократскиот пратеник.
Републиканскиот пратеник Џон Ретклиф, пак, го обвини Мјулер за пречекорување на овластувањата кога во извештајот голем дчл посветил на наводното можно попречување на правдата, откако одлучил да не донесе конечен суд за тоа. „Трамп не е над законите, но претседателот не би смеело да биде ниту под законите“, рече Ретклиф.
Даг Колинс, водечкиот републиканец во Комитетот за правосудство, рече дека фактите од извештајот на Мјулер зборуваа дека „Русија се мешала во изборите во 2016-та и дека претседателот не бил во дослух со Русите“. „Ништо што денеска ќе го слушнеме не може да ги промени тие факти“, рече Колинс.
Истрагата на Мјулер која траше безмалку две години не пронајде докази за договро на Русија и претседателската кампања на Трамп. Ниту донесе конечна одлука дали Доналд Трамп ја попречувал правдата. Неговата истрага резултираше со обвинение против 34 лица, по разни основи, меѓу кои се и поранешни главни лица од кампањата на Трамп и други помошници, како и тројца руски државјани.
Мјулер, кој е ветеран од Виетнамската војна, го водеше FBI од 2001 до 2013 година, под републиканскиот претседател Џорџ Буш помладиот и демократот Барак Обама. Потоа работеше како сојузен обвинител, а се смета за творец на „модерниот“ FBI по терористичките напади врз САД о 11-ти септември 2001 година.