Како што пишува приштинскиот весник Koha ditore, Брисел и Приштина се усогласиле околу содржината од нацрт-законот за формирање Специјален суд за злосторствата на ОВК.
Најбитниот дел од законот е мандатот на Специјалниот суд да не биде поврзан со Еулекс, чиј мандат истекува за две години.
Во финалната верзија на нацрт-законот нема да постои терминот “геноцид”, што беше причина за голем број полемики и незадоволство во косовскиот парламент, а и во јавноста.
Весникот пренесува и дека во нацртот останува детално дефиниран терминот “воени злосторства”, како и дека не е земено во предвид барањето на Приштина која се повикала на меѓународните закони за воени злосторства.
“Нацрт-законот не дефинира колку долго ќе трае мандатот на Специјалниот суд како ни кога ќе биде временскиот период кога ќе бидат покренати обвиненијата. Што се однесува до осудените, тие казните ќе ги издржуваат надвор од Косово, а и самата архива на Специјалниот суд ќе биде надвор од територијата на Косово”, завршува весникот.