Спиењето и сонувањето подолго од осум часови може не само да предизвика нарушувања во психата, туку и за двојно да ги зголемо шансите за предвремена смрт од мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања, заклучиле стручњаците од британскиот Килски универзитет, објави изданието Science Alert.
Специјалистите од разни области ги анализирале резултатите од 74 истражувања со коишто биле опфатени повеќе од три милиона испитаници. Се покажало дека десетчасовниот сон ја зголемува веројатноста од предвремена смрт за 30 отсто во споредба со седумчасовната вечерна почивка. Притоа, ризикот за смрт од мозочен удар се зголемува за 56 отсто, а од кардиоваскуларни заболувања за 49 проценти. Лошото спиење, исто така, е поврзано со здравствените проблеми и го зголемува ризикот од срцеви заболувања за 44 отсто.
Порано истражувачите од американскиот Медицински колеџ „Алберт Ајнштајн“ појаснија дека правилниот распоред на спиењето ноќе и строгото почитување на деноноќниот ритам може значително да ја подобри продуктивноста, како и чуството на сила и здравје.
Уште еден, но не помалку важен фактор, е позата додека спиеме. За да се задржи правилната положба на главата и вратот, се препорачуваат специјални перници. За најцелосна и брза релаксација во текот на спиењето, експертите од Националната фондација за спиење на САД советуваат перницитата да се стави под нозете, доколку некому му е поудобно да спие на грбот.