Алексеј Навални работи со разузнавачките служби и властите на западните земји и дејсвува во нивен интерес, изјави во четвртокот претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин, одговарајќи на претходното обвинување на рускиот опозициски блогер дека зад неговото наводно труење стои лични претседателот Владимир Путин.
„Навални е бесрамник и подлец. Путин му го спаси животот. Ако тоа што се случило со него било режирано од специјалните служби на западните земји, тогаш неговата изјава се вклупува во оваа логика“, наведува Володин во соопштението објавено на веб-страницата на рускиот парламент.
„Сосема е очигледно дека Навални работи со разузнавачките служби и властите на западните земји. Тој работи за нивните интереси“, додава Володин.
Спикерот на рускиот парламент, исто така, истакнува дека германскиот Бундестаг одбива да формира заедничка работна група со руската Држава Дума за надзор на истрагата за случајот на Алексеј Навални.
„Германскиот Бундестаг не сака формирање работна група со Државната Дума чија цел е да се реши случајот. На Русија, и покрај обраќањата на нашите органи, не ѝ се доставени ниту биоматеријалите, ниту заклучоците на лекарите кои го прегледале Навални по приемот во болницата“ Шарите во Берлини, додава Володин во изјавата.
Претходно, претседателот на комисијата на руската Државна Дима за истражување на фактите за странско мешање внатрешните работи на Руската Федерација, Василиј Пискарев, до челникот на германскиот Буденстаг, Волфганг Шојбле испрати сличен предлог за создавање уште една заедничка работна група на двата парламента.
Навални сериозно се разболе за време на авионски лет во Русија на 20 август, кога авионот итно слетал во сибирскиот град Омск за да биде тој пренесен во болница. Веднаш штом му се слоши, неговата портпаролка Кира Јармиш објави дека можеби бил отруен. Руските лекари изјавија дека не откриле трага од отров, тврдејќи дека тој страдал од остар пад на гликоза. Два дена подоцна, тој беше пренесен во Берлин, на понатамошно лекување во болница на инсистирање на неговото семејство. Германските специјалисти во анализите пронајдоа траги од нервниот агенс „новичок“, но и по цел месец го одбиваат предлогот на руските колеги да разменат биоматеријали од Навални кои ги поседуваат двете страни за да може да се отвори истрага.