Спилберг жали поради последиците од неговиот филм „Ајкула“

Американскиот режисер Стивен Спилберг во интервјуто за британски BBC вели дека „навистина жали“ поради тоа што популацијата ајкули е „десеткувана“ по големиот успех на неговиот филм „Ајкула/Челуст“ (Jaws) од 1975 година.

Овој филмски класик следи приказна за огромна бела ајкула којашто ги напаѓа капачите на Источниот брег на САД. Локалниот полициски началник започнува лов на морскиот ѕвер со помош на биолог и ловец на ајкули.

„Навистина жалам затоа што популацијата на ајкулите е десеткувана поради книгата и филмот. Вистински, вистински жалам““, се довери Спилберг за BBC.

Режисерот учествуваше во радио-емисијата „Desert Island Discs“ (Носачи на звук за пуст остров) во којашто гостите откриваат која музика, книга или некои луксузен предмет би понеле на пуст остров.

Запрашан како би се чувствувал да се најде на пуст остров опколен со ајкули Спилберг одговори: „Најмногу се плашам од тоа. Но не се плашам дека би ме изела ајкула, туку се плашам дека ајкулите ми забележуваат за лудилото на спортските риболовци кое се разви по премиерата на филмот во 1975-та“.

Според една студија објавена во 2021 година во стручното списание Nature, светската популација на ајкули се намалила за 71 отсто до 1970-те години поради претераниот лов.

Организацијата Shark Conservation Fund тврди дека денес во светот изумирањето ми се заканува на 36 отсто од 1.250-те видови ајкули и раи. Научниците за тоа го осудија филмот на Спилберг, кој постигна голем успех во киносалите и ги преплашуваше генерации капачи.

Стивен Спилберг, прославен и наградуван и по другите негови филмски остварувања, како што се „E.T.“, „Индијана Џонс“, „Паркот Јура“… во споменатата емисија зборуваше и за својот делумно автобиографски филм „ The Fabelmans“. Станува збор за приказна за неговото детство и првите чекори во светот во филмот во повоена Америка. Го опиша како „терапија што чини 40 милиони долари“.