![spirovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/spirovski.jpg?resize=486%2C331&ssl=1)
Не стивнуваат критиките од лекарите за погрешните потези на надлежните со справување со епидемијата. Како последен се огласи универзитетскиот професор доктор Зоран Спировски. Последната одлука на власта за делумен мониторинг според него е погрешна одлука.
Во разговор за Алфа тој предупредува дека се потребни итни промени во комисијата за заразни болести, а избори во моментов се невозможни.