СПМ ќе присуствува на протестот организиран од НСП

Синдикатот на полиција во Македонија преку соопштение до јавноста информира дека ќе присуствува на протестот организиран од страна на Независниот синдикат на полицијата НСП.

„Почитувани членови на Синдикат на Полиција во Македонија,

Раководството на Синдикат на Полиција во Македонија- СПМ одлучи да присуствува на закажаниот протест организиран од страна на Независниот Синдикат на Полицијата – НСП на ден 19.03.2022 година. Борбата за остварување на подобри услови и права во Полицијата е јасна. Заради остварување на заедничка цел- зголемување на платите кои во овој момент се НУЖНОСТ, исплата на регрес за годишен одмор, исплата на ветениот ковид додаток и почитување на законските прописи во однос на распоредување на работниците во МВР…..

Да не заборавиме да спомнеме, ставот на СПМ во однос на зголемување на платите останува непроменет а тоа е зголемување на бодот и истиот да изнесува 62 денари односно 1 бод- 1 евро за што до Владата и МВР веќе имаме поднесени писмени Барања.

За таа цел го повикуваме нашето членство во 11.30 часот пред хотел „Вип“ во Скопје, се упатуваме пред Влада и заедно да кажеме НЕ за погрешните политики на Министерството за внатрешни работи, да кажеме дека е доста со понижувањето и манипулирањето на работникот во Полицијата и да кажеме ДА за повисоки плати за ПОДОБАР И ПОДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ!

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!“, стои во нивното соопштение до јавноста.