Во период кога во нашата држава Република Македонија се потешко и потешко се живее, во период кога вработениот на МВР секојдневно преживува дочекувајќи го секој 1-ви во месецот, во период кога Полицаецот зема основна плата единствено најмала во државата… мизерни 15.200 денари…, велат од Синдикат на Полиција во Македонија СПМ.
Како Синдикат сметаме дека е време да ставиме крај на се, крај на сите неправди кои некои од Вас претходно ги правеа кон нас како Синдикат и да помимеме низ сето тоа затоа што на крајот сметаме дека вработените во МВР се најважни пред се и над се. Затоа решивме да ја подадеме нашата рака и заедно сите сплотени да се избориме во борбата за подобри права и услови во Полицијата а посебно во делот на барањето за повисоки плати во МВР. Тука не ни е целта да привлечеме внимание или на крајот да излеземе како победници. НЕ!
Максимално ќе дадеме подршка и ќе го дадеме приматот на МПС како најголем Синдикат во МВР во моментов да биде лидер и иницијатор во оваа борба за повисоки плати во МВР.
Во време кога секојдневно слушаме како се повеќе и повеќе институции и синдикати го креваат нивниот глас за повисоки плати и успеваат во таа борба, сметаме дека е време да се крене гласот на работникот во Полицијата. За таа цел Претседателе Кицев ја имате нашата подршка а веруваме и подршката на НСП и оваа наша подадена рака ќе ја земете добронамерно и ќе се отпочне веднаш со Барањето за повисоки плати во Полицијата. Во моментов нашето барање е 1 ЕВРО – 1 БОД, но доколку имате барање кое е подобро од наведеното за повисоки плати, секако ќе биде подржано од наша страна.
За таа цел сметаме дека е време заедно да седнеме на маса и конечно да се обединиме во барањето за повисоки плати. ВРЕМЕ Е.
Се надеваме на позитивен одговор.
Враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ на вработените во МВР!, Синдикат на Полиција во Македонија СПМ.