Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од паушалните најави на приучениот министер за економија Бектеши кој без официјални статистички податоци нереално ги прогнозира економските движења, велат во писменото соопштение од СПМ.
-Според несериозните желби на неодговорниот Бектеши инфлацијата за октомври би била под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена, иако Светска банка предвидува годишна инфлација од 9,1%. Како секој приучен така и тој не нуди аргументи за таквите чудни прогнози. Според него заслужни за економијата се мерките на владата, изјава која поприма комична димензија.
Во реалноста растот на цените е над 50% и доволна е едноставна споредба на инфлационите движења кои не се запрени. Државата е во криза и економската состојба не е воопшто добра, а растот на БДП е под потребно ниво.
Граѓаните жестоко реагираат на инфлацијата која сериозно ги осиромаши над 70% од популацијата од сите категории. Отсуството на индексација односно низок раст на платите, пензиите и социјалните надоместоци, најмногу ги погоди најсиромашните слоеви, пензионерите, земјоделците и студентите кои со право протестираат.
Неспособноста на владата на Ковачевски и неговите економски министри е толку очигледна и со мерките што ги превзема се насочува кон продлабочувње на економската криза и на подредување на државата кон соседите. Ова за власта е небитно затоа што нејзиниот единствен интерес е проддолжување на крадењето народни пари.
Социјалистичката партија на Македонија инсистира оваа влада што поскоро да си оди што е желба на мнозинството граѓани во државата и да запре агонијата на економско тонење и осиромашување на граѓаните и стопанството со непредвиливите и променливи мерки на власта, стои во соопштението од СПМ.