СПМ: Неопходни се избори веднаш

Социјалистичката партија на Македонија смета дека блокадата на државата и политичката криза што ја создадоа СДС и ДУИ води кон рушење на државниот и институционален капацитет во Македонија.

Со немањето чувство за државните и националните интереси СДС и ДУИ и со фијаското во преговаеачкиот процес самите се делегитимираа со што потврдија дека не се способни да управуваат и затоа мораат да си одат.

Избори се неопходни веднаш!

Со криминалното и коруптивно однесување СДС и ДУИ свесно ги кочат европските интеграциски процеси и ја подредуваат Македонија под туѓите империјални барања. Само 34 македонски пратеници сакаат да наметнат предавнички решенија на македонскиот народ кој во огромно мнозинство е против уставните измени. Нивната намера која повеќе не ја ни сокриваат е да го заробат парламентот за свои интереси и го одлагаат соочувањето затоа што не се способни за измена на Уставот.

Крајно проблематични се позициите на СДС во застапуввањето на цели и интереси кои ни најмалку не се македонски. За оваа политичка партија оддамна не се својствени македонските национални чувства, нивната реторика е празна и најобична и несериозна тафтологија со која членството во ЕУ грубо се злоупотребува исклучиво за теснопартиски и лични цели.

Социјалистичката партија на Македонија заедно со политичките партии во Коалициајта „Обнова на Македонија“ се за членство во ЕУ, но нема да прифатат уцени за уставните измени и за обезличување на државата, јазикот и народот, особено не да бидат ставени пред свршен чин да поддржат небилозно решение кое е резултат на неодговорниот однос на власта.

Владата на Ковачевски нема никави аргументи за оправдување на пропаднатата политика и за изразеното масовно незадоволство од граѓаните, пензионерите, студентите, земјоделците и работниците. Тие немаат решениија за кризата освен за натамошно крадење и лажење на народот.

Пропадната влада уште сака да прави манипулации, уцени и притисоци за да ја спроведе бугарската асимилаторска стратегија која свесно определените македонски граѓани ја отфрлаат во целост. ИОктроираниот Ковачевски очигледно е несвесен за состојбите во која ја доведе државата.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека народот е незадоволен, бара промени и нови избори за да се излезе од државната и уставната криза во која ја внесоа СДС и ДУИ и кои мора да си одат и да одговараат за злоделата кои и ги направија на Македонија