СПМ: Последниот податок за растот на БДП од 0,9 отсто ја покажува неуспешноста на политиките на власта

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека последниот податок за растот на бруто домашниот производ од 0.9% ја покажува сета неуспешност на политиките на власта на СДС и ДУИ.

Минималниот раст на БДП за цела 2023 година е рамен на статистичка грешка што значи економијата не само што не расте туку и сериозно назадува.

Лажни се фалбите на власта за високите плати и пензии кои инфлацијата ги обезвредни, а граѓаните живеаат се полошо во беда и сиромаштија.

СДС и ДУИ се претставуваат како партии за евроинтеграција, а всушност со економијата вршат дезинтеграција на економското ткиво на државата.

Коруптивните здрелки на власта пропаѓаат како и соништата за електричен автомобил, за автопатишта, за електоренергетски објекти и слични небулози.

Неспособната власт се потврдува како крајно дестабилизирачка и изолационистичка зошто во ЕУ таквите коруптивни зделки не поминуваат.

Уништувањето на се што е Македонско што го прави власта на СДС и ДУИ мора да престане. Изборите се единствен шанса лажговците и криминалците да се отстранат и да им се покаже вистинското место на буништето на историјата.