Споменик за компанијата што носи работници во Авганистан

Максим Димитриевски, градоначалникот на Кумнаово планира да изгради споменик на американската компанија „Келог, Браун и Рут” (KBR) која посредува при вработување на кумановските работници со американската армија за нејзините потреби, достави и одржувања во базите низ Блискиот исток.

Димитриевски вели дека компанијата „Келог, Браун и Рут“ заслужува вакво обележје бидејќи преку неа работеле над 11.000 жители на Куманово, а со парите кои стигнуваа од Авганистан, Ирак и останатите земји градот Куманово одреден период имаше висок прилив на девизи и одреден економски раст кој беше видлив.

Знаете дека има голем број наши сограѓани кои работат за таа компанија и сметам дека во предвечерието на 500 години постоење на Куманово, нашиот град може да излезе со еден добар позитивен гест и да постави спомен-обележје во рамки на едно убаво идејно решение  –  рекол Димитриевски вчера на седница на општинскиот совет.

И Димитриевски во 2008 година исто така бил на работа во американска база во Ирак преку КБР.

Идејата е споменикот да се постави во паркот кај затворениот базен, на 500-годишнината од создавањето на Куманово, затоа што дала најголем придонес за развој на градот во последните години.