Додека Трамп губи кампањски пари за скапи адвокати и ги дава на апелација судските наредби за исплата на десетици милиони долари отштета, буџетот на кампањата на Бајден се зголемува, коментираат познавачите.
Според најновата национална анкета на Универзитетот Квинипек, Бајден води пред Трамп со 50, наспроти 44 отсто меѓу регистрираните гласачи.
Во анкетата на истиот универзитет од 20 декември 2023 година, Бајден доби 47 отсто поддршка наспроти поранешниот претседател кој имаше 46 отсто.
Во денешната анкета, демократите и независните го поддржуваат Бајден, додека републиканците се за Трамп.
Истовремено, родовиот јаз се зголемува. Жените го поддржуваат Бајден со 58-36 отсто, што е повеќе од декември, кога беше 53-41 отсто. Мажите пак, со 53-42 отсто, резултат главно непроменет од декември, кога изнесуваше 51-41 отсто.
Во хипотетичкиот натпревар од пет лица на изборите во 2024 година, кој вклучува независни кандидати и кандидати од Зелената партија, Бајден добива 39 отсто поддршка, Трамп 37 отсто, независниот кандидат Роберт Кенеди помладиот добива 14 отсто, независниот кандидат Корнел Вест – 3 проценти, а кандидатката на Партијата на зелените Џил Стајн – 2 проценти од поддршката.
Меѓу независните во хипотетичкиот натпревар од пет лица на избори во 2024 година, Бајден добива поддршка од 35 отсто, а Трамп 27 отсто.
Меѓу Бајден и републиканската претседателска кандидатка Ники Хејли, поранешна амбасадорка на САД во ОН и поранешна гувернерка на Јужна Каролина, 47 отсто од гласачите ја поддржуваат Хејли, а 42 отсто го поддржуваат Бајден.
Во денешната анкета, демократите (87 – 10 проценти) го поддржуваат Бајден, додека републиканците (79 – 4 проценти) и независните (53 – 37 проценти) ја поддржуваат Хејли.
Со оглед на тоа што републиканските претседателски прелиминарни избори во 2024 година сега се намалени на двајца кандидати, 77 отсто од републиканските и републикански наклонетите гласачи го поддржуваат Трамп, а 21 отсто ја поддржуваат Хејли.
Во декемвриската анкета со повеќе кандидати во трката, Трамп доби поддршка од 67 отсто, а Хејли 11 отсто.
На демократските претседателски прелиминарни избори во 2024 година, Бајден добива 78 отсто поддршка меѓу демократските и демократски наклонетите гласачи, авторката Маријана Вилијамсон добива 11 отсто поддршка, а американскиот претставник од Минесота Дин Филипс добива 6 отсто поддршка.