Македонија се’ уште ја спречува блокадата од Грција поради спорот со името, но според министерот за надворешни Никола Димитров, пишува во извештајот на Британскиот парламент, позитивните односи меѓу двете земји може да водат кон разрешница.
Во Македонија живеат милион и 350 илјади Македонци, сите во земјата, нема Македонци во опкружувањето, пишува во извештајот на Комитетот за надворешни работи на Британскиот парламент објавен во средата.
Направен е забележителен напредок за евроатлантските интеграции, 70 насто од анкетираните се за приклучување кон НАТО. Македонија се’ уште ја спречува блокадата од Грција поради спорот со името, но според министерот за надворешни Димитров, пишува во извештајот, позитивните односи меѓу двете земји може да водат кон разрешница.
Еден од предизвиците во регионот е проблемот на релација Белград- Приштина што може да се прелее и во Босна и Херцеговина и во Македонија, пишува во денешниот извештај на Британскиот парламент.