Во објаснувањето на ЕХФ околу изборот на Македа се вели:
-Ракометната ѕвезда од Шпанија е подготвена да блеска во Скопје од наредната сезона. Предводени од Раул Гонзалес, светскиот шампион од 2013 година заедно со Душебаев и Штербик ќе се обидат да го остварат сонот на македонскиот ракометен шампион, а тоа е пласман на завршниот фајналфор-турнир во Лигата на шампионите. Искусниот десен бек играше за Нант во ЕХФ-купот и е трето засилување за Вардар, по Александер Деревен од Чеховски Медведи и македонскиот интернационалец Дејан Манасков.
Меѓу најдобрите трансфери има и двајца екс-ракометари на Металург. На десетото место е Павел Атман, кој потпиша со Мешков Брест, додека седмопласиран е Дарко Станиќ, кој пристигна во Рајн Некар Левен како замена за Никлас Ландин. На шестото место е Мариус Јуркевич кој го засили Кјелце, додека осмопласиран е трансферот на Константин Игропуло кој потпиша со Колдинг.
Најдобрите пет трансфери за ова лето според ЕХФ ќе бидат објавени на 22 јули.
ТОП-10 РАКОМЕТНИ ТРАНСФЕРИ ЛЕТОВО
10. Павел Атман (Брест Мешков)
9. Хорхе Македа (Вардар)
8. Константин Игропуло (Колдинг)
7. Дарко Станиќ (Рајн Некар)
6. Мариус Јуркевич (Кјелце)