Според европска кампања за јазична разновидност, 188.000 луѓе во Бугарија зборуваат македонски јазик

Македонски јазик во Бугарија зборуваат 188.000 луѓе, посочува Кампањата за јазична разновидност, проект финансиран од Европската комисија (2012-2013).

На мапата со која се илустрира раширеноста на јазиците македонската држава се именува како Република Македонија, а застапеноста на македонскиот јазик во Бугарија е лоцирана во пиринскиот дел.

Според Кампањата, во Македонија, каде што е официјален јазик, македонскиот има 1.288.000 говорници, а како јазик на малцинството, покрај во Бугарија, на европскиот континент го зборуваат и 47.000 луѓе во Србија, 40.000 во Грција, 5.000 во Албанија, 4.400 во Словенија, 4.300 во Хрватска и 700 во Романија.