Европската агенција за статистика (Евростат), објави податоци од годишното истражување „индикатори за квалитетот на живот“, според кои Австрија се најде на првото место, додека Германија и Бугарија се најмалку среќните земји во ЕУ.
Австрија оствари вкупна оценка од 7,9, додека Германија покажа резултат од 6,5, во однос на минатогодишните 7,1.
Полска, Финска и Романија го зазедоа второто место со 7,7. Бугарија е единствената земја која имаше индекс под 6.
Според Евростат, интересно е да се види дека некои земји кои се поврзуваа со ниски приходи во блиското минато, како што се Романија и Полска, сега се меѓу земјите каде што квалитетот на живот е добар.