Според Груби, градоначалниците на Тетово и на Чаир продаваат провиден патриотизам за политички поени

Градоначалниците на Тетово Билал Касами, и на Чаир, Висар Ганиу, продаваа фолклоризам и провиден патриотизам за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти, истакна денес вицепремиерот Артан Груби при посетата на Општина Гостивар. Според Груби, Касами и Ганиу се обиделе да го злоупотребат косовскиот премиер Албин Курти.
Градоначалниците на Тетово и на Чаир го поканија Курти и ја одржаа агендата само поради политички поени за себе и за партиите, иако посетата на косовскиот премиер е добредојдена, додаде Груби.

„Треба да ги почитуваме знамето, химната и законските обврски кои ги имаме. Тој театар кој се приредува е непотребен. Тоа го бараат во недостиг на проекти и иден. Посетата на Курти е добредојдена. Тој често доаѓа. Ова беа локални настани на две општини. Пројдено е времето на фолклоризмот и граѓаните ценат работи, проекти, реализација, а не фолклоризам и провиден патриотизам кој беше промовиран од тие кои го поканија Курти и се обидоа да го злоупотребат за партиска дневна агенда. Очигледно не добија. Се виде дека името на улицата не е сменето од Општината туку од Градот Скопје и Владата. И патот Скопје-Призрен не може тие да го прават туку Владата на РСМ со Владата на Косово“, рече Груби.