Неименуван украински безбедносен претставник изјави дека повеќе илјади војници учествувале во упадот во руската покраина Курск.
Според него целта на упадот е да се дестабилизира Русија и да се потиснат руските сили со лесни и брзи напади.
Русија тврди дека неколку стотици украински војници го извршиле ненадејниот напад на 6 август, но според неименуваниот украински претставник бројот на украински војници бил многу поголем, „многу повеќе … илјадници и илјадници“.
– Ние сме во офанзива. Целта е да се развлечат позициите на непријателот, да се нанесат максимални загуби и да се дестабилизира ситуацијата во Русија, посочи украинскиот претставник.
Русија вчера призна дека Украинците навлегле 30 километри во областа Курск.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на 10 август првпат потврди дека Киев почна офанзива со која „ја турка војната на територијата на агресорот“.