Личното обезбедување на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, или на неговиот партиски челник Зоран Заев, кои за време на инцидентот во згрдата на Собрание носеле а еден од нив и употребил огнено оружје, а тоа го сториле спротивно на Законот.
Законот за Собрание децидно и јасно предвидува дека личностите кои ги обезбедува МВР, во момент кога ќе влезат во законодавниот дом се под заштита на собраниското, а не нивното обезбедување. Дополнително носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, пренесува Курир.
Членот 43, став 1 од Законот за Собрание јасно предвидува дека „одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.“
Во ставот три од истиот член пишува дека„ носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.“
Полициски службеник без посебно барање за тоа и без одобрение не смее ниту да влезе, с уште помалку да носи оружје во законодавниот дом. Овие ставови од членот 43 всушност значат дека личностите кои ги обезбедува МВР кога ќе влезат во Собранието се под заштита на собраниското, а не на личното обезбедување.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во гостување во „Топ Тема“ рече дека му потврдил на еден член од обезбедување да испука со пиштолот. Заев објасни дека дека „телохранителот Аце“ пукал двапати. !Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати“, рече Заев.