
Во спортската сала „ Младос “ во Битола, се одржа традиоцалната крводарителска акција на спортистите заедно со вработените во локалната самоуправа.
– Ова е првата крводарителска акција на спортистите во оваа година, а како знаеме се организираат по две секоја година. Преку оваа акција спортистите ја искажуваат хуманоста која ја поседуваат сите спортисти, изјави Гордана Цветковска-Бошевска, одговорна за спорт во Општина Битола.
Во името на спортистите оваа акција ја поздравија ракометарите Стефан Дрогришки, Игор Николовски и фудбалерот Игор Пашовски, кои повикаа во идниот период на ваквите акции да учествуваат поголем број на спортисти.
Во акцијата беа собрани околу четириесеттина крвни единици.