Денеска (07.05.2024) во 15,10 часот на телефонскиот број 192 добиена е анонимна пријава дека на улицата „Раштански пат“, улицата „Партизански одреди“ и „Влашки пат“ во Кичево од страна на непознати лица со возила „мерцедес“, „опел мерива” и „ауди” се нуди поткуп од политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Неофицијално, според нашите извори, инцидентот е пријавен во полиција и во моментот се работи на случајот. Притоа во прилог ни е доставена фотографија од автомобилите кои наводно учествувале во инцидентот и кои се пријавени во полицијата, а од кои еден според соговорниците го користел Муамед Сејдини, а е снимено денеска во Кичево.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е осомничен за делење предизборен поткуп во Кичево, во корист на партија од актуелната владејачка номенклатура, дознава НетПрес од полициски извори.