Општина Гази Баба во соработка со ЈУГД Детска Радост – Гази Баба и Отворените Забавни Фудбалски Школи по четврти пат го организираа спортскиот настан „Спортски забавни игри” коj се одржа во спортската сала во н. Автокоманда по повод 40 -от роденден на општината.
Заедничка цел е што поголем број на деца да бидат вклучени во спортски активности и меѓусебни дружби.
На денешниот настан учествуваа околу 160 деца, кои заедно спортуваа и ќе другаруваа.
Присутни гости на настанот беа градоначалникот Тони Трајковски, Генералниот директор на Арчелор Миттал, г-динот Волганг Марингер, директор на Комерцијална банка, Александар Зарков, претставници од Совет на родители, родители и пријатели.