Општина Ѓорче Петров започна со поставување на 1450 метри квадратни нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“, која ќе го подигне нивото на спортот и рекреацијата.
Започнуваме со замена на подлогата на фудбалскиот терен, кој сега ќе биде уште поудобен и безбеден за сите љубители на овој спорт, истакна Градоначалникот Александар Стојкоски.
Кошаркарското игралиште исто така ќе добие нова, висококвалитетна подлога, која ќе ги поттикне младите да го практикуваат спортот во најдобри услови, додаде Градоначалникот.
„За првпат, и теренот за серва ќе биде обновен со ваква подлога, овозможувајќи повеќе можности за активност и игра.
Со овој проект општина Ѓорче Петров ја потврдува посветеноста за подобрување на животот во Ѓорче Петров.
Општината работи напорно за да создаде услови што ќе им донесат радост, здравје и инспирација на сите наши сограѓани.
Заедно, градиме подоброто утре за нашата заедница!“.